Настава
Наставата се реализира со употреба на современи наставни методи и форми со употреба на инфроматичко-компјутерска технологија.Училиштето располага со опремени кабинети за изведување на теоретска настава и вежби, како и со специјализирани лаборатории.
Покрај теоретската настава во училиштето се изведува и практична настава и за таа цел училиштето поседува обреботливи површнини, мал зоо парк, сопствена и сопствена механизација
Во училиштето се реализира учење кај работодавач и за таа цел нашите ученици дел од наставата ја реализираат во реални фирми.
За учениците со попреченост наставата се прилагодува согласно нивните можности.
Учениците имаат можност да се вклучат во низа меѓународни проекти, пред се со училишта од регионот, како и училишта од ЕУ.
Со цел учениците да стекнат со поквалитетни знањеа, училиштето соработува со низа институции (Факултет за земјоделски науки и храна, Ветеринарен факултет, Природно-научен музеј итн.) при што учениците ги посетуваат овие институции и се стекнуваат знањеа карактеристични за занимањето.
Во училиштето се спроведуваат низа воннаставни активности, култутрни настани кои подразбираат посета на театарски престави, кино итн.
Ресурси
Училиштето располага со:
- Tри трактори и приклучна механизација;
- Мини зоо парк;
- Авапоника;
- Сушара за сушење на овошје и зеленчук;
- Систем капка по капка;
- Метрoлошка станица;
- Сопствено пчеларство;
- Современ пластеник;
- Хемиска лабораторија;
- Ветреинарна лабораторија;
- Компјутерска лабораторија;
- Сензорна соба;
- Асистивни уреди за лицата со попреченост;
Кабинетите се опремени со:
- Паметни табли;
- ЛЦД проектори;
- Прочистувачи за воздух;
- Климатизери (во дел од кабинетите);







